Антонио МИЛОШОСКИ
Понижувачки за народот е тој што зема 127.000 денари плата, што посредно им зема на луѓето превисоки акцизи за секој литар бензин, истиот тој да ги релативизира цените кои ги покачува, додека на многу граѓани тие поскапувања им го загрозуваат животниот стандард!
Ова е реакцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски на изјавата на Бислимовски дека се плаши дека во јануари идната година можеби ќе ги бараме цените на горивата од овие денови, зашто тогаш, тие, според него, можеби ќе бидат многу повисоки. Со други зборови Бислимовски ни порачува да не се буниме многу што сега бензинот е речси две евра за литар, зашто може да биде многу полошо. Овој обид на релетавизија на сегашната состојба го предизвика Милошоски да реагира на овој начин.