По двомесечна блокада, откако на 27 април немаше мнозинство за да одлучува, Владата донесе решениe да го распушти Советот на општина Тетово. Сега следат нови избори, а кога ќе бидат, ќе одлучи Собранието.

Ние сега ќе чекаме од Талат Џафери претседателот на Собранието да ги распише изборите за локалната власт, тука за советниците, ќе го видиме датумот кога ќе го каже. Најдобро за општината побрзо да се одржуваат локалните изборите пошто во многу работи општината не функционира како што треба без Советот, вели Бесар Дурмиши, претседател на Совет

Што побргу да има избори е во интерес на граѓаните и на општината, смета досегашниот преседавач на Советот.

Владата образложи дека Советот на ја донел завршната сметка до 31 март и затоа се носи решение за распуштање.

Владата практично каснеше бидејќи законот вели за 30 дена Владата да ја донесе одлуката, вели Бесар Дурмуши претседател на Совет.

Можно е изборите да бидат на 20 август кога ќе има гласање во други општини за градоначалници.

Во досегашното мнозинството во Советот покрај Движење Беса, ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците беа и двајца советници од „Подобро за Тетово“.