Димитар Гочев од бугарската владејачка партија „Продолжуваме со промените“ утринава во интервју за емисија на „БНТ“ вели дека „ќе има јавна, видлива дебата за сите, во која ќе се разговара за сите гледишта и ќе се донесе конечна одлука дали да се прифати францускиот предлог или да се одбие во однос на РС Македонија. Не сум го видел текстот. Мора да го опстоиме на ставот што го имавме досега“.
– Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарија и понатаму има право на вето и во секое време може да го блокира членството на РС Македонија во Европската Унија, изјави Гочев.
За ставот на претседателот Румен Радев на оваа тема Гочев стема дека во најлама рака е чуден.
– Не може да се зборува за предавство кога сè уште не е донесена одлука. Можеби околу претседателот има советници кои му даваат информации кои не се точни. Тој прво рече дека премиерот не може да носи такви одлуки, но сега вели дека не може да дозволи Народното собрание да ги носи овие одлуки. Ова е многу чуден став, рече Гочев.