Албанскиот премир Еди Рама, денеска во Брисел изјав дека дека Македонија била главна тема, која 17 години чека на отворање на преговорите и го сменила името, што не довело до никаков напредок.
„Не е само Бугарија во прашање, тоа е проблем, но не е само Бугарија. Европската Унија е уморна од проширувањето. Таа стана повеќе инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота и една земја ги краде шансите за пристапни преговори со другите членки. Излезе дека една земја наметнува нешто свое а другите членки не можат ништо да направат околу тоа. Знаеме дека Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, а тоа води до раздор. Нема да го чекаме Годо. Ние на Балканот нема да се откажеме и ќе продолжиме да работиме и еден ден ќе станеме членки на Европската унија“, истакна Рама додавајќи:
„Немојте ЕУ да се претвори во братство на свештеници кои дебатираат за полот на ангелите додека паѓаат ѕидовите на Константинопол!