Во складиште за муниција на Министерството за одбрана на Украина, 176км источно од Киев утрово се случи експлозија и пожар поради што се евакуирани околу 10.000 луѓе.
Експлозијата се случила утрото во регионот Чернигов по што избил пожар, соопшти Генералштабпот на украинските сили.
Засега нема информации за евентуални жртви и не е јасно дали станува збор за саботажа.
Воздушниот простор над Украина од утрото е затворен во круг од 20 км од складиштето додека копнениот и железничкиот сообраќај е запрен, соопшти службата за вонредни ситуации.