Пратеникот на ДУИ Арбер Адеми денеска изјави дека прокотолот ќе биде објавен во јавност откако ќе биде потпишан.
Протоколот не е финализиран. Кога ќе биде финализиран и потпишан ќе се достави и ќе биде јавно објавен како и сите други документи. Ништо нема спорно, поврзани со францускиот предлог се јавно достапни, граѓаните може да ги прочитаат, а протоколот не е уште финализиран и објавен, кога ќе се потише ќе биде објавен, изјави пратеникот Арбер Адеми на денешната прес конференција во Собранието.