Македонија со денови протестира против францускиот предлог за бугаризација на Македонија, а претседателот Стево Пендаровски го поддржа и сега се шета во охридско-струшкиот туристички регион и се слика „лице в лице“ со граѓаните.

Насмевката на лицето на Пендаровски, што ја нуди на фотосесијата со граѓаните, треба да ни остави впечаток дека тој е омилен кај народот. Денеска на својот профил на Фејсбук, својата насмевка Пендаровски ја делеше со граѓаните на Струга.

А колку е омилен, на следните избори ќе кажат граѓаните со кои се сликал, но и илјадниците други кои немаат селфи со „насмевката на Пендаровски“, како што е и питачот во позадина на фотографијата.

А за ваквите популистички „лице в лице“ насмевки во време кога Македонците се загрижени за својата иднина, народот чиј претседател е Пендаровски, има една поговорка: Селото гори, баба се чешла!

(Д.Г.)