Пратеникот Диме Велковски е еден од пратениците кои не гласаа за прифаќање на бугарската рамка во Собранието.

Велковски е пратеник од СДСМ и со долг стаж во партијата. Тој потекнува од Кавадарци.

Велковски до сега има извршувано неколку високи функции во СДСМ, меѓу кои и претседател на централниот одбор на партијата.

И Павле Трајанов од ДС не гласаше за фФранцускиот предлог, соопштија од ДС.

-На денешната седница на македонскиот парламент, на која се расправаше за Францускиот предлот (Преговарачка рамка), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, НЕ гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ. Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот. Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ , а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија, истакнаа од ДС.

ДС цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми,кои целосно ги исполнува, додаваат од таму.