Провладини медиуми и приврзаници на власта се обидуваат да го исперат срамот што денеска во Галичник го доживеа претседателот Стево Пендаровски, кој беше исвиркан од публиката на манифестацијата Галичка свадба.
Се врти ново видео „наштимано за аплауз“ на дочекот, покрај зурлите и тапаните кои ечат во Галичник.
„Новото видео дава нов агол од доаѓањето на претседателот Стево Пендаровски, кој всушност бил поздравен со громогласен аплауз“, пишуваат медиуми блиски до власта.
И, даваат образложение за „громогласните аплаузи“:
„Претходно опозициските медиуми објавија видео снимено од далеку како се слуша исвиркување на Пендаровски, но најверојатно од изолирана група од два-тројца кои всушност се чувствува дека наменски ги снимале објавените видеа за кампањски цели на опозицијата“, наведуваат медиумите кои сакаат на Пендаровски да му се аплаудира.
Еве го видеото од „два-тројцата“ кои го исвиркаа Пендаровски, со повици „уа“, „предавник“ и „никогаш северна, само Македонија“. Може да го отворите ТУКА. И второто видео ТУКА.