Истражувачите од Европската комисија предупредија дека речиси половина од територијата на ЕУ во моментов е изложена на ризик од суша, бидејќи југозападна Европа е под топлотни бранови.

Во извештајот за јули, Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија наведува дека 46 отсто од територијата на ЕУ е изложена на предупредувачко ниво на суша, со 11 отсто на ниво на тревога, при што земјоделските култури веќе страдаат поради недостиг на вода.