Во потпишаниот Протокол меѓу Бујар Османи и Теодора Генчовска, посебен оддел е посветен на говорот на омраза. Колку е широко можното сфаќање на тој поим и колку може да се злоупотребува, најдобро зборува овој случај од Норвешка, кој најде место во емисијата на Такер Карлсон на Фокс Њуз, а во кој жена од Норвешка се соочува со можна казна од три години затвор, заради говор на омраза, иако се што кажала е вистина потврдена од науката. Може да замислите дека по истиот пример ќе одите в затвор ако кажете дека сте Македонец. Еве за што се работи:
КАРЛСОН: Веќе не ни е дозволено да кажуваме очигледни работи: на пример, дека мажите не можат да бидат жени, сеедно како се облекуваат, а тоа е веќе удар и на слободата на говорот.
Норвежанката Кристина, која се претставува и како феминистка, се соочува со казна од можни три години во затвор, затоа што отворено зборува за биолошкиот пол. Таа напишлаа дека мажите не можат да бидат лезбејки. Таа исто така напишала дека мажите не можат да бидат мајки. Тоа е вистина, но во Норвешка, како и низ целиот запад, вистината веќе не може да ве одбрани, па затоа против неа е поведена истрага за говор на омраза. За ова разговараам со Кристина. Ти благодарам што си со нас вечерва. Норвешка е една од најбогатите земји во светот со извонредни луѓе и тешко е да се поверува дека ова се случува, па сакам да проверам: Дали е точно ова што го кажав?
КРИСТИНА: Да, се е точно, тоа е случајот. Не можеш да ги браниш жените (како феминистка, забелешка на Денешен.мк) ако не можеш да определиш што точно се жените земајќи ги предвид биолошките факти. Јас напишав дека мажите не можат да бидат жени, не можат да бидат мајки, не можат да бидат лезбејки. Тоа е оценето како говор на омраза и сега се соочувам со казна од три години затвор.
КАРЛСОН: Како ве доживуваат во Норвешка? Како херој кој зборува научни факти или…?
КРИСТИНА: Многу луѓе ме поддржуваат, но многу луѓе ме нарекуваат дури и како човек кој пропагира геноцид, ме споредуваат со фашисти, со Маоисти… практично целиот спектар на лоши нешта во светот е врз мене, но исто така имам и многу поддршка.
КАРЛСОН: Некако мислам дека сте свртено кон лево, не сте некој десничар. Дали сте изненадени од сето ова?
КРИСТИНА: Не сум изненадена, зашто ова се случува подолго време. Ако не можете да зборувате за биолошката реалност… тоа е несфатливо. И ми се чини дека сите партии во Норвешка ја поддржуваат оваа псевдонаука.
КАРЛСОН: Застрашувачки, го знам чувството. Ви благодарам што ни се придруживте.