OН најавија дека извозот на жито од Украина треба да почне во наредните денови и во исто време го осудија руското гранатирање на црноморското пристаниште Одеса само неколку часа по договорот за обновување на извозот на жито.

– Ќе се извезуваат житарки од Одеса, Черноморск и Јужни, најави портпаролот на ОН Фахран Кан и додаде дека ОН сакаат да обезбедат услови за безбедно патување на бродовите.

Сепак, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не презела никакви обврски при потпишувањето на договорот во Истанбул, што ќе ѝ забрани да изврши специјална операција, уништување на воена инфраструктура и други воени цели.