За жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти.
Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба, обелодени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-На овој начин уште еднаш покажуваат дека се антидржавна партија и партија кој што нема допир со сопствениот народ и која што бега од народот. Заради ваквото партиско и политичко однесување, ние во овој момент ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот на владата, затоа што очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме, истакна тој.
Николоски им одговори на новинарите кои го прашаа што им било објаснето на граѓаните на кои им било забрането да дојдат на прославата.
-Ги немало во протоколарната листа. Јас лично бев да интервенирам кај неколку, го повикав и владиниот протокол, ги немало во протоколарната листа, очигледно само членовите на СДСМ ги има во протоколарната листа и затоа ние сега ќе си заминеме, рече тој.
Прашан за колку граѓани станува збор, Николоски одговори „За илјадници“!
Бидејќи на граѓаните им беше забранет пристап, а опозицијата го напушти настанот, говорот на Ковачевски го слушаа партиските симпатизери на СДСМ.