Со десет гласа „за“, седум „против“ и без воздржани Комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Македонија по дводневна расправа го усвои предлогот на Владата за пристапување кон измени на Уставот.
Беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени и Владата во рок од 15 дена да изготви нацрт-амандмани и да ги достави до Парламентот.
Откако заврши претресот по предлогот, собранискиот спиекр Талат Џафери објасни дека за да се пристапи кон изменување на Уставот на седницата која треба да се одржи в понеделник ќе биде неопходно двотретинско мнозинство на гласови.