ВМРО-ДПМНЕ: Бухова, Филипче и Сали, треба да одговорат како е можно клиника во центарот на Скопје да работи без потребните дозволи

/ 21.08.2022

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има. ДЗСИ призна дека поликлиника работела без лиценца. Здравствена установа третирала пациенти, без за тоа да има дозвола од надлежните институции. Тоа неможе без дозвола од директорката на ДСЗИ Ирена Бухова и надлежните институции задолжени за контрола, кои сето тоа го одмолчеле, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бухова, а со неа и Филипче претходно и Сали сега треба да одговорат како е возможно една клиника во центарот на Скопје да работи без потребните дозволи.

Кој од власта и органите за контрола ќе сноси одговорност за тоа што здравствена установа работела без лиценца? Власта не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните. Одговорност мора да има, додаваат од партијата.


Од истата категорија