Хаос во скопскиот Катастар, објавува ТВ АЛФА. Нервозни граѓани со часови чекаат и не можат да завршат работа. Кога пристигнала екипата на Алфа, метежот веќе бил подрасчистен откако голем дел од нив се откажале од чекањето зашто им рекле дека системот воопшто не работи. Некои од нив се упорни и по неколку пати во текот на денот доаѓале за да проверат дали системот проработил.
Вработените внатре одбиле да зборуваат пред камерата на ТВ АЛФА, но убедувале дека се на пауза и дека немало никаков проблем. Луѓето со друга приказна излегуваа однатре.
АЛФА и официјално се обратила до Катастар, што е проблемот и зошто има толкав метеж но засега не добила одговор.