Бугарското Министерството за одбрана ја зголемува помошта што бугарската армија му ја дава на Министерството за внатрешни работи за заштита на државната граница соочени со зголемениот миграциски притисок долж бугарско-турската граница и претстојните избори. Тоа го соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана.
Во обезбедувањето ќе учествуваат воен персонал, транспортна опрема и беспилотни летала.
Од 27 август годинава копнените сили постепено ќе го зголемуваат учеството со повеќе од 300 војници со потребната опрема за транспорт на сите терени. Воениот персонал ќе продолжи да врши заеднички патроли со „Гранична полиција“, се наведува во соопштението.