Момче од Берово почина откако добило сепса по дренирање заб во штипската болница. За случајот преку социјалните мрежи известија негови блиски, објави ТВ Сител.
– Само во нашата држава, само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20-годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па, да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години… СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веќе еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со „како е рекол Бог“…. Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно, пишува Слаџана Ризинска, во објавата што ја пренесува телевизијата.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека иницирал вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница – Штип по добиените сознанија за пациент кој починал од сепса.
Роднини на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница.
Смртта на пацеинтот ја потврдија и од штипската болница.