Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не покажаа ништо во изминатиот период, тоа граѓаните го видоа и со поплавите, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата Клик Плус на ТВ21.

– Еве поминува една година од нивните мандати, граѓаните може да видат дека воопшто не се реализира. Имам јас пријатели во Бутел ми велат буквално не знам ниту кој ми е градоначалник. Имам и во Прилеп каде што главна шега во градот е исчезнат е градоначалникот, го нема од изборите. Се шегуваат граѓаните на својата мака, рече Богоев.

Тој додаде дека граѓаните сега јасно може да ја видат разликата помеѓу неработата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и работата на градоначалниците на СДСМ.

– Сега граѓаните ќе може да ја видат разликата помеѓу овие градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата коишто ги споменав и помеѓу перформансот на Костадин Костадинов во Струмица, којшто еве не дека ми е сопартиец, видете што се прави човеков а што не прават нивните градоначалници. Еве, споредете ги Струмица и Прилеп разликата е огромна, рече Богоев.