Скопскиот Кривичен суд денеска и изрече ослободителна пресуда на актерката Силвија Стојановска откако порано беше обвинета и осудена за шверц на кокаин.
Таа изјави дека ќе бара отштета од државата за нарушен углед.
Претходно, Апелациониот суд донесе одлука да го врати на повторно судење предметот во кој Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор поради делото кое и се става на товар: шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Жалба тогаш поднесе и првоовинетиот Воислав Будисављевиќ, кој беше првостепено осуден на седум години затвор. Но, наместо ослободување или враќање на судењето отпочеток како што бараше, Апелација нему му ја зголеми казната на 12 години затвор.
Во јуни минатата година таа доби три и пол години затвор, а нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ на 7 години затвор во случајот во кој обвинението ги товареше за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Според обвинението, Стојановска и Будисавлевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Во меѓународната операција „Колибри” во Македониија беа уапсени Будисавјевиќ и Стојановска, а три лица, дел од групата,во Шпанија.
-Во текот на истрагата обвинителството утврди дека во периодот од јули до 18 декември 2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа, се велеше во информацијата на обвинителството.
Обвинетите меѓусебно комуницирале со користење енкрочат телефонски мобилни уреди и мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.