Иран разви напреден самоубиствен дрон со долг дострел, направен за напад на израелските градови Тел Авив и Хаифа, објави денеска полуофицијалната иранска медиумска агенција Мехр, цитирајќи го шефот на иранските копнени сили, генералот Киомарс Хејдари.
Хејдари рече дека дронот, именуван Араш-2, е понова верзија на дронот Араш-1.
Иранската војска чека наредба да го употреби, додаде Хејдари.