Претседателот на Партијата на турското националистичко движење, Девлет Бахчели, кој е коалициски партнер на претседателот Реџеп Таип Ердоган, вчера рече дека „на Турците ќе им биде лесно да стигнат до другата страна на Егејското Море“, објави грчкиот весник Катимерини.
– Владата на Грција да престане да не иритира. Грција сака целиот свет да ја осуди Турција. Грчката влада си игра со оган кога тврди дека по Украина постои опасност од нова војна. Островите на кои нелегално и неправедно седи се наше право. Да не не провоцираат и да го тестираат нашето трпение. Ако сакаат уште еднаш да ги турнеме во море, нека ни кажат и ќе ги фрлиме сите, ако даде Господ. За нас не е проблем да стигнеме од нашиот брег до спротивниот брег на Егејското Море, рече Бахчели.