Осум пратеници од француската партија Ренесанса побараа формирање на анкетна комисија во Националното собрание, која треба да го истражи евентуалното руско финансирање на партиите во Франција, јави дописникот на МИА.
Барањето на пратениците од Ренесанса уследи по обелоденувањето на декласифицираните американски информации за неколку стотици милиони евра платени од Русија во неколку земји.
Додека партијата Национален собир, кој ги отфрла обвинувањата на мнозинството дека зависи од руската власт, исто така најави дека в понеделник ќе поднесе резолуција за формирање на анкетна комисија во Парламентот. Според нив комисијата би ги истражила врските на политичарите од Ренесанса со Катар, со Кина, како и поврзаноста на партија на претседателот Емануел Макрон со американските гиганти Амазон, Мајкрософт, Гугл или Убер“.
Според декласифицираниот документ на американските разузнавачки служби објавен на 13 септември, Русија од 2014 година исплатила неколку стотици милиони евра на политички партии во неколку земји со цел да го зголеми своето влијание и да влијае на изборите.