Наум СТОИЛКОВСКИ
Вчерашниот вонреден владин прес на дезертерот и бандата беше уште една лажна претстава за народот!
Денеска потврдува дека ниту гасот од Србија му е обезбеден, ниту ТЕТО му е обезбедено, значи ниту струја ќе има, ниту парно ќе има.
Се на се лага, измислица за маркетинг потреби после кои истури нервоза врз медиуми.
Да, токму затоа беше нервозата и нападот врз медиумите коишто побараа прецизни одговори!
Вчерашната вонредна прес конференција со лажни информации, денеска демантирани сами од него, во вакви сензитивни времиња само потврдува дека е #Неспособен и дека мора да се провери неговата #ДеловнаСпособност!
Народот стравува, стравот дополнително прави притисок врз економијата, тој прави вицови за #ТоплаВода.
Ваква дрскост и лага додека крадат и лапаат службени бифтеци, Македонија не заслужила!