Благодарност до земјите од Централна и Источна Европа за поддршката за членството на Украина во НАТО и за осудата на обидот на Руската Федерација да анкетира наши територии, твитна претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател преку Твитер им изрази јавна благодарност на девет земји од Централна и Источна Европа, меѓу кои и на Македонија, за поддршката за членство на Украина во НАТО, како и за осудата за припојувањето украински територии од Русија.
Во објавата на Твитер Зеленски ги наброи претседателите на Црна Гора, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Чешка, како и на Македонија, Стево Пендаровски.