Најмалку седум граѓани во изминатиот период на клиниката за Токсикологија дошле со труење од печурки. „За среќа сите имаа полесно труење и симпотмите ги добиле два до три часа по труењето“, вели доктор Андон Чибишев.
Канал 5 пренесува дека она што го загрижува докторот е тоа што во овој период кога назименично се менуваат сонцето и дождот е одличен за отровната печурка аманита фалоидес кој е смртоносна печурка и расте во Македонија. Чибишев вели дека токму од оваа печурка се затруле граѓаните од соседна Србија кои се во тешка состојба во болница.
Последните двајца пациенти кои заминаа од клиниката се брачен пар од Кочани кои имале полесни знаци на труење но морале да бидат хоспитализирани по ручек од печурки.
Чибиешв со апел дека има печурки кои имаат кратко дејство и само неколку часа по конзумирање човек има симптоми со болки во стомакот, повраќање. Но, оние кои се поопасни се печурки кои конзумирањето може да има симптоми и 72 часа по јадењето на печурките.