Шумски гулаб со зелена и бронзена боја кој има страст кон ферментирано овошје е прогалсен за птица на годината на Нов Зеланд.
Кереру е ендемски вид во таа држава. Гулабите Кереру често паѓаат од дрво откако ќе изедат премногу овошје кое скапува. Во лето кога зрее овошјето, пијани гулаби понекогаш ги носат во посебни места за животни за да се трезнат. Тој вид не е загрозен. Какапо папагалот е на второ место, а видот каки е на трето место.
Натпреварот го организираше Форест енд бирд, и ова е 14-та година како се одржува. Ниту еден вид непобедил двапати по ред.