Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за SKYTG 24 зборуваше за односите што ги има неговата земја со САД, Русија и Кина.

Објаснувајќи ги односите во минатото, Рама изјавил  дека „Албанија без никаков проблем може да опстане без Русија и дека нема никаков проблем да и воведат санкции”.

-Немаме посебни односи со Русија бидејќи таа презеде некои дејствија кои нè погодија. Не направи најпроамериканска земја затоа што 50 години бевме бомбардирани од утро до вечер. Тоа е причината поради која немаме никаква врска и  не сакаме да имаме со Русија затоа што ја имавме на булевар до 1990 година. Ние ги раскинавме односите со Русија во 1960 година и Енвер Хоџа во тоа време ја нарече предавник. По 1990 година немаме тенденција да се зближуваме со Русија. Без никаков проблем можеме да живееме без нив и немаме проблем да им наметнуваме санкции, изјавил Рама.

Кога станува збор за односите со Кина, тој оценил дека тие се нормални.

– Имаме нормални односи со Кина. Ние сме поранешна комунистичка земја каде Кина има мало присуство. Со Кина бевме во брак, бевме пријатели и роднини. Ние немаме друга алтернатива, додал Рама.