Лидерите на групата Г7- седумте индустриски најразвиени земји во светот, денеска околу пладне ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат за нападите на Русија врз Украина.
Според Би-би-си, се очекува лидерите на Г7 да ја повторат својата поддршка за Украина.
На онлајн средбата треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во вчерашните руски напади со крстосувачки ракети во најмалку 14 украински региони, вклучувајќи го и главниот град Киев, загинаа најмалку 19 лица.