Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да склучат договор за меѓусистемско поврзување меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Софија.

Според информациите објавени на веб-страницата на бугарската државна компанија Булгаргазтрансгаз, точката за интерконекција ќе биде Ќустендил/Жидилово.

Двата јавни оператора ги повикуваат корисниците на мрежата да се произнесат по предложениот текст во однос на правилата за распределба на количините на гас и одредбите кои се однесуваат на корисниците на мрежата.

ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД ќе ги претстават пред јавноста правилата и процедурите за снабдување и дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата. Консултациите ќе продолжат до 27.10.2022 година и имаат за цел да се соберат мислењата на сите потенцијални корисници на мрежата во врска со преносот на природен гас преку ИТ Ќустендил/Жидилово.

ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да понудат преносни услуги на корисниците на мрежата за снабдување со природен гас од Бугарија во Македонија и комерцијалн пренос од Македонија во Бугарија.