На нашите македонски пријатели им го честитаме Денот на македонската револуционерна борба, се вели во честитката од Амбасадата на Русија во Македонија.
– 23 октомври стана вечен симбол на континуитет на македонската борба за самостојност и независност! Нека е честит празникот, за многу години, се вели во честитката.
Во објавата со честитката е фотографија од македонскиот апостол во револуционерната борба, Гоце Делчев.