Најтрофејниот македонски клуб Вардар загуби на гостувањето кај Гостивар во дербито на деветтото коло во Втората лига и тоа со пенал на средина од првиот дел, па Воска спеот коja го победи Тетекс повторно се врати на лидерската позиција.
Антонио Каланоски изнуди пенал на средина на првиот дел во Голема Речица, па го реализираше овој пенал.
Вардар пропушти шанса да ја продолжи серијата без пораз откако Бобан Грнчаров пред крајот на минатата сезона седна на кормилото и за него ова е прв пораз по 13 меча (пет во минатата сезона и осум сега).
Црвено-црните имаа извонредна шанса во завршните 20 минути, но магично топката не влезе во гол во обидот од два метри на Симеон Христов, па потоа на Владимир Жоглев, а голманот Јашари фантастично одбрани во надполнувањето после бомбата на Дарио Десниќ од 16 метри.Воска повторно се врати на лидерската позиција откако без преголема мака го победи Тетекс со 4-0, а за едно полувреме охриѓани дадоа три гола и решија сè за прашањето за победникот.
Очекувано и без проблеми победи и Пелистер во Велес кај фенерџијата Борец со 4-0, па битолчани го стигнаа Детонит кој ремизираше во струга кај Караорман 1-1.
Беса со 3-0 го победи Кожув, Охрис со 1-0 славеше кај Локомотива, а Каменица Саса дојде до важна победа против Арсими со 1-0.
ВТОРА ЛИГА, 9. КОЛО
Гостивар – Вардар 1-0
Беса – Кожув 3-0
Борец – Пелистер 0-4
Караорман – Детонит Плачковица 1-1
Локомотива Пехчево – Охрид 0-1
Каменица Саса – Арсими 1-0
Слога Виница – Беласица 1-2
Воска Спорт – Тетекс 4-0
ТАБЕЛА: Воска Спорт 23, Вардар 22, Гостивар 21, Детонит 17, Пелистер 17, Охрид 16, Беса 14, Беласица 12, Караорман 11, Арсими 10, Кожув 10, Каменица Саса 8, Локомотива 7, Тетекс 7, Слога Виница 6, Борец 0.