ПОВИК ОД ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба семакедонско обединување за да се зачуваат достоинството и да се остварат целите

/ 24.10.2022

ВМРО-ДПМНЕ повикува да се направи семакедонско обединување за остварување на целите на државата и зачувување на достоинството.

-На оваа генерација политичари во Македонија им припаѓа обврска да го бранат македонскиот народ и да донесат просперитет за државата на секое поле. Со деструктивни политики нема напредок, а со уништување на достоинството нема долгорочен раст. Потребен ни е нов општествен договор и обединување за доброто на идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите, и подава рака за секого и за СДС да се обединиме околу државните интереси, се вели во соопштението на партијата.

Оттаму истакнуваат дека владата на СДС потпиша договор со Бугарија со кој македонизмот до 1945 година го поврзува со бугарскиот идентитет. Како резултат на тоа ние имаме оптоварени евроинтеграции.

-Заради лошите политики на власта, првиот услов е промена на Преамбулата на Уставот, а вториот услов кој е од пред некој ден е бришење на бројката и процентот со кој ќе се детерминира јазикот на Албанскиот народ. Со промена на Преамбулата на Уставот немаме инстант решение за влез во ЕУ. Дали некој од ЕУ ќе гарантира влез, и дали ќе се донесе Резолуција дека Македонија нема да биде оптеретена со нови барања. Затоа е потребно општествено обединување. Во однос на унитарниот карактер на државата. Тој е загарантиран и мора да биде црвена линија на секого. И за тоа исто така е потребно општествено обединување, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да направи семакедонско обединување за зачувување на интересите на државата и развој на истата.


Од истата категорија