Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одбил да ја прими делегацијата од САД, која во Хрватска ја предводи претседателката на Конгресот, Ненси Пелоси.
Како што објави белградска Политика, Милановиќ изјавил дека не верува оти ќе се сретне со Пелоси бидејќи таа утре си заминува од Хрватска.
– Американците бараа средба, јас не можам и тоа е тоа. Таа не е извршна власт, а за две недели нема да биде ни на таа функција на која е сега, рекол Милановиќ.
Хрватскиот претседтел нема да учествува на средбите на Меѓународната кримска платформа во Загреб, бидејќи не знае дали е поканет. Тој истакнува дека има премногу цинизам и непочитување спрема намачениот украински народ и не сака да биде уште еден позер кој ќе учествува во тоа.
– Тоа е иницијатива на претседателот на парламентот, јас сум председател на државата и затоа не учествувам. Додека Хрватска не е нападната и не е во војна, нема ни да учествувам, порачал Милановиќ.