Условувањата на албанските партии за уставните измени според премиерот не се пречка да се постигне договор.

Ковачевски смета дека има простор за разговори бидејќи ниту една партија и од македоснкиот и албанскиот политички блок не се изричито против внесување на Бугарите во Уставот, пренесива ТВ Сител.

Штом ќе биде отворена таква процедура, кога ќе се види дека има волја, практично консензуална волја тоа да се направи, а гледам дека сите политички партии веќе да кажам имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури и оние кои беа изречито против, сега кажуваат дека врз основа на одредени услови би поддржале уставни промени, сметам дека треба да се седне на маса. Сите политички партии да ги кажат своите претпоставки и својот став во однос на уставните промени и да може на крајот да се дојде до решение кое би било нормално прифатливо за сите.

Ковачевски не ја исклучува можноста уставните измени да бидат причина и за следна, трета по ред лидерска средба со опозицискиот лидер Мицкоски.

Со Мицкоски се видовме кога беше францускот предлог, сега за енергетската криза, и тоа е една нормална комуникација помеѓу претседатели на парламентарни политички партии. Нормално дека ќе се видиме секогаш кога ќе има прашање кое е од интерес за сите граѓани, како што се гледаме и со претседателите на другите политички партии.

Изминатите денови Алијанса за Албанците и БЕСА се обединија околу ставот дека ќе поддржат менување на Устав само ако се отстрани терминот „20 проценти“ и албанскиот јазик стане службен заедно со македонскиот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова го оцени како обид да се урне унитарниот карактер на Македонија.