Македонците од Бугарија денеска испратија отворена порака до министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој во изјава за БТВ изјави дека „треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград“.

Тие велат дека е познато и не кријат кој стои зад клубот.

„Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија. Финансиери на Клубот се двајца истакнати припадници на македонската заедница во Торонто Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас. Посредник е Македонско меѓународно движење за човекови права. Но, господинот Османи не се интересира ниту за тоа кој го отвора клубот, ниту кој го финансира, туку се фиксирал само врз некои искажувања на посредникот искажувани во врска со други настани. Можеби затоа што си барате изговор зошто нема да дојдете?!“, реагираат од ОМО Илиден Пирин.

Велат дека ова е срам, затоа што шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат.