Легендарниот фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ повторно отворено проговори за битката со ракот на простата.
-Мојот син доаѓа и вели: „Тато, го кажа истото дека ќе умреш пред пет години, па жив си“. Тој сака да ја ублажи вистината, но и лекарите се откажаа од мене, изјави тој за Стори.хр.
Тој верува дека овој пат нема да може да ја победи болеста.
-Време е за мене, имам 88 години, многу оставив зад себе. Што да се прави. Ја кажувам вистината, а тоа е дека имам рак со пет метастази. Тогаш е фатално. Во секој случај, не сакам било кој да ме жали, направив премногу за да не бидам мирен. Премногу добро. Колку и да се трудам, не можам да најдам кому сум му нанел зло…, рече тој.
Повторно потсети дека не жали за ништо.
-Кога ќе ги погледнам моите колеги, скоро сите починаа: Бариќ, Ивиќ, Зебец. И моето време дојде. Човек треба да се помири со тоа, без да кука и да жали. Затоа би ги замолил луѓето: не жалете за мене затоа што мирно си одам и тоа е многу убаво. Не знам како треба да умрат сите лоши луѓе кои направиле толку лоши работи? Кога треба да умреш, почнуваш да веруваш, но еве ме… Јас и ти пиеме кафе…, заклучи тој.