Советодавното тело на денешната седница не даде согласност за користење на името Цар Фердинанд во името на бугарскиот културен клуб во Богданци.

По Ванчo Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, во Богданци бугарскиот културен клуб требаше да го носи името Цар Фердинанд, бугарскиот кнез и цар од 1887-ма до завршување на Првата светска војна 1918.

Фердинанд бил владетел во чие време Македонија била поделена, а бил активен учесник и во Балканските војни.

Советодавното тело беше формирано овој месец за да ги преиспитуваат контроверзните имиња на невладини здруженија и клубови. Денешната одлука е прва која што е донесена во Советот.