topФранцуската компанија „АКИО Енереџи“ којашто ќе ја гради фотоволтаичната централа во Штип инвестира во агро-волтаици што претставува можност за одгледување на земјоделски култури на тоа земјиште, рече премиерот Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „Разговор во редакција“ на истражувачката лабораторија ИРЛ.
– Се работи за земјиште кое од страна на Владата на премиерот (Никола) Груевски беше откупено од земјоделци и пренаменето за изградба на карго аеродром. Тоа е истото тоа земјиште. Кога градите карго аеродром тоа значи 100 отсто бетон. Но, земјиштето кое е во тој дел од прва класа нема да биде опфатено со фотоволтаичната централа, туку тоа ќе биде вратено на земјоделците, рече Ковачевски.