Шест здруженија од земјава, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово денеска во Штип потпишаа Декларацијата „за унапредување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија“, во рамки на семакедонскиот собир организиран од штипското здружението „Мирка Гинова“.
Македонците од Бугарија денеска порачаа дека не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови. По обидот да биде згаснат клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува дека во неговиот двор, во гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе отвори приватeн клуб, кој ќе го именува или Македонија или Јане Сандански. По ликвидирањето на здружението кое го отвори клубот „Никола Вапцаров„ од здружението најавија дека следната недела ќе одлучуват дали ќе формират ново здружение.