Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина во рамките на политичкиот саем „Промени кои што носат иднина, се осврна и даде одговор и на како што рече, небулозите, на невистините и на лагите кои што ги прави СДСМ на трибини низ Македонија.

Тој во оваа насока потенцираше дека и Ковачевски како и неговиот ментор Заев ќе заврши како поранешен политичар и претседател на СДСМ,бидејќи не ја говори вистината и игра на картата на кратко помнење.

– Иако сум јас навикнат, еве завршува и петата година, да измислуваат да ме клеветат, кодошат, омаловажуваат, во последно време и навредуваат поедини актери на политичката сцена. Сето тоа доволно говори за нив, не за мене, но сепак вистината граѓаните заслужуваат да ја знаат, бидејќи трибина не е кога еден зборува, туку трибина е кога десетици, стотици протагонисти ќе излезат и ќе дадат отчет за сработеното како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена. Стотици луѓе излегоа и кажаа што имаат сработено и што планираат да сработат, вклучително и тие кои што збореа какви планови имаме како политичка партија во иднина. Така јас ќе продолжам и во вториот дел од моето обраќање и земав тука неколку листови кои се надевам дека тука од режија ќе не следат во позадина за да може и публиката во позадина да може да гледа за што зборувам. Ќе започнам од овие два листа хартија, едниот е од ковачевски а другиот е од Заев. Ковачевски ова вчера го кажа и вели:„Сѐ што кажа Мицкоски излажа, не се разбира ни во енергетика ни во економија“. Тоа го кажа вчера на трибината во Кавадарци, Димитар Ковачевски, а пред точно 4 ипол години заев исто така повторно кажа дека: „На Мицкоски можам да му држам лекција од економија“. Тој е веќе поранешен политичар и претседател на СДСМ, а наскоро и овој вториов ќе биде поранешен политичар и претседател на СДСМ. Зашто велам дека и ој ќе биде поранешен, затоа што тој го копира неговиот ментор, неговиот стопан и продолжува исто како него да се обидува да ја манипулира јавноста со невистини и со лаги. И затоа ќе биде поранешен, бидејќи ако ја кажува вистината тогаш нема ова да го збори. И можеби ќе трае некое време, но вака повторно игра на картата на кратко помнење и ќе биде минато време, истакна Мицкоски.

Тој исто така потенцираше и дека неспособноста на власта Македонија ја плаќа со 400 милиони евра за еден квартал, а двата најтешки квартали се пред нас.

– Вчера во Кавадарци на таа трибина кажа една теза и вели: „Мицкоски ја плаши јавноста дека ќе немало енергенси и струја“. Јас не ја плашев јавноста само реков дека не би сакал да верувам дека ќе нема струја, иако сум свесен дека струја ќе има која што скапо ќе ја платиме. Е сега колку скапо ќе ја платиме е прикажано на следниот слајт. Тоа е кривата како расте државниот и јавниот долг во Македонија. Ова што го гледате овде во горниот десен агол е практично зголемувањето на државниот и на јавниот долг само во последниот квартал, третиот квартал од оваа година и тоа е периодот јули, август и септември. 400 милиони евра за еден квартал. Четирсто милиони евра е зголемен државниот долг, а 420 милиони евра јавниот долг. Тоа е близу 700 евра по семејство. Толку не чини неспособноста незнаењето и арамилукот на оваа Влада. За само еден квартал зборувам, а најтешките два квартали се пред нас, истакна Мицкоски