Бомбаш самоубиец во Кабул уби 10 цивили и 5 полицајци пред самото затворање на избирачкото место на парламентарните избори во Авганистан.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а овој случај денеска е со најголем број убиени на едно место. Многу е поголем бројот на убиства и ранети и во останатите делови од оваа азиска земја.
Напади со смртни последици се регистрирани ширум Авганистан, пренесува агенцијата Ројтерс.
Како што се наведува, излезноста на гласачките места денеска е многу голема на парламентарните избори, кои минаа во хаотична организација, насилства и обвинувања за корупција.