Министерката за одбрана Славјанка Петровска, јавно го повика пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на ТВ соочување со цел, како што напиша, да ги разјаснат сите обвинувања

– Благодарам за поканата за ТВ дуел од страна на министерот за одбрана, г-ѓата Славјанка Петровска. Секако дека поканата за ТВ соочување ќе ја прифатам и нема да дезертирам како нејзиниот трајно неспособен Премиер кој прв ѝ го лајкнал статусот, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на својот Фејсбук профил. Оставам на центрите за комуникација на двете партии во договор со националните медиуми да договорат термин за нашиот ТВ дуел, одговори Ковачки на повикот на Петровска за ТВ дуел.

Министерката Петровска, како што објавивме, јавно го повика пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на ТВ соочување со цел, како што напиша, да ги разјаснат сите обвинувања.

Ковачки на вчерашната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност обвини дека за мировна мисија во Министерството за одбрана се давало мито по 3.500 евра, а за курс за подофицери и за прием како професионален војник се давало мито по 5.000 евра.