Новиот предлог за член на управниот одбор во Академијата за судии и јавни обвинители, Беса Адеми, ќе треба да решава дали нејзината снаа ќе стане судија или јавен обвинител.
Претседателката на Врховниот суд, како што објави ТВ Алфа, се најде во идентична ситуација како новиот шеф на ЈО за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, кој беше кандидат за Управниот одбор на Академијата, каде што заедно со снаата на Беса Адеми, обука посетува и сопругата на Абази.
Поради бројните рекции и критики во јавноста, тој се повлече од намерата да членува во одборот, но засега нема таква намера и судијката Адеми.