Откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот градоначалник на скопски Карпош, дека станува хотелиер на брегот на Беровското езеро, Стефан Богоев за „Фокус“ објаснува дека имотот го купил неговиот починат татко и дека се злоупотребува ситуацијата.
– Имотот беше заедничка сопственост на татко ми и наши соседи. Тој имот е купен од физички лица, а не оддржавата. Татко ми почина пред шест месеци и тој имот останува во оставинска постапка на мајка ми“.Факт е, исто така дека во моментов не се гради хотел, ниту пак во догледно време ќе има хотел на тоа место, истокако што Стефан Богоев нема никаква поврзаност со споменатата фирма, вели Богоев .