Во рамки на мерките за даночни реформи, како и за праведност на даночниот систем во земајва, премиерот Димитар Ковачевски на денешната пресконференција, меѓу другото најави и намалување на даночното оптоварување на производите за менструална хигиена за жените.

Тој истакна дека со измените кои се планираат за даноците за следната година, ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти „за да придонесеме за поголема достапност на овие производи до сите жени“.

Премиерот појаснуваше дека во текот на изминатите три години нашата економија поминува низ најголемите предизвици како и другите земји поради кризите. Тој исто така посочи дека е донесен план за фискалана консолидација, истакнувајќи дека наплатата на даноците како процент од БДП е под процентот на земјите на регионот, и далеку под просекот на разивените земји.

– Клучна карактеристика на новиот даночен систем е праведноста. Со восоставување на праведенданочен систем ќе делуваме и ќе ја темелиме реформата која ја планираме. Целиот концепт е поделен во четри категории. Првата група се данок на добива, данок на додадена вредно… каде ќе се прошири даночната база, а таргетирани се и даночните ослободувањеа. Планот е да се изедначат даночните обврзници, без оглед на дејнсота – кажа премиерот.

Воедно Ковачевски најави дека од следната година нема да се применува прогресивното оданочување, туку ќе се применува даночна стапка од десет проценти, а потоа најави дека меѓу плановите за даночна консолидација е и втората група мерки кои се насочени кон намалување на административнито товар за компаниите.

– Со новиот концепт ќе се спречи злоупотреба на даночното ослободување, а планот е казните за злоупотреба да бидат петкратно поголеми од ослободувањаето. Третата група се законот за инвалидни лица и закон за доброволно социјално осигурување. Предвидено е решение за хонорарците, доколку сакаат на доброволна основа, самостојно да ги регулираат обврските за пензиско осигурување. Ќе се креира дигитална платформа, каде хонорарците ќе можат да одберат форма на здравствено и пензиско осигурување на доброволна основа… Тоа би се применувало по 1 јануари 2023 година – истакна премиерот.