Уругвај по голема драма испадна од Светското првенство (СП) во Катар. Иако славеше со 2-0 против Гана, победата на Јужна Кореја од 2-1 против Португалија ги одведе Азијците во осминафиналето, а ги испрати Уругвајците дома.
Ѕвездите на Уругвај беа нервозни по последниот судиски свиреж, па ги нападнаа судиите, а најгласни беа Едисон Кавани и Хозе Хименез кои заработија жолти картони, по што се вмеша и Диего Годин.