МАРИЧИЌ ОД СОПИШТЕ: Младите во нашата земја сакаат сигурна иднина, СДСМ е гарант за спокоен живот по европски стандарди

/ 14.12.2022

СДСМ промени многу состојби во државата на подобро. После 17 години успеавме и ги започнавме преговорите со ЕУ. Ние сме тие кои се обврзавме државата да ја реформираме и да правиме промени за идните генерации. Граѓаните сакаат сигурен и спокоен живот по европски стандарди, а гарант на тоа е само политиките и визијата на СДСМ, порача вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Сопиште, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.

Маричиќ рече дека никогаш ВМРО-ДПМНЕ немаше храброст да носи тешки одлуки за државата, бидејќи секогаш власта им била поважна од иднината на државата и нагласи дека СДСМ секогаш имал јасна цел кога носел државнички одлуки: Да ја помести државата од мртва точка, каде ВМРО-ДПМНЕ ја остави и во тоа успеа.

– За СДСМ секогаш најважен бил интересот на граѓаните и државата. Затоа денес сме земја која има европски партнери и пријатели. Земја која за ЕУ е кредибилен партнер и сојузник. Ние секогаш сме избираме пат кој води до стабилност, безбедност, просперитет и економски развој на државата, во тоа граѓаните да се сигурни, истакна Маричиќ.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска, рече дека СДСМ има визија, а тоа е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на Европската Унија, со заштитен македонски јазик и идентитет и дека тоа е приоритет на СДСМ.

„Првите две работи кои рековме дека во првиот месец од нашиот мандат ќе ги направивме беа: Зголемување на минималната плата! Ветивме-реализиравме. И да се потсетиме дека од 2017 до денес минималната плата ја зголемивме 100%, од 9 илјади на 18 илјади. Затоа што работниците за нас се важни! Поголеми пензии за пензионерите! Ветивме! Реализирано! Стабилен пензиски фонд и предвреме исплата на пензиите продолжува! Само во текот на оваа година пензиите пораснаа за речиси 10%. Во март 2023 пензиите ќе пораснат за уште најмалку 7%, најави Тренчевска, додавајќи дека ова е историски најголемото зголемување на пензиите.

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски посочи дека градоначалникот на општина Сопиште веќе трет мандат не изнаоѓа решение долгогодишен проблем на жителите од оваа општина, за автобуската линија бр. 24, а за Град Скопје кажа дека излезе на површина старата матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

– За само една година го гледаме она што е традиционално во ВМРО-ДПМНЕ. Кај нив ништо не е сменето, партизација, тендери и провизија е синоним за Мицкоски и неговата партија. Поради тендери и лични интереси се караат, а страдаат граѓаните. Од модерно Скопје кое го ветуваа добивме хаотично Скопје, рече Кичевски.


Од истата категорија