Младиот фудбалер на ФК Македонија Ѓорче Петров, Константино Горгиовски доби повик да игра за репрезентацијата на Нов Зеланд до 17 години, објави порталот Спострски.

– Константино Горгиовски доби повик од селекторот на репрезентацијата на Нов Зеланд У-17 за престојното првенството на ОФЦ У-17, кое ќе се игра на Фиџи од 11 до 28 јануари 2023 година, потврдиле за Спортски од клубот.

Нов Зеланд е во групата Б на турнирот заедно со Нова Каледонија и Американска Самоа. Тимот ќе го одигра првиот натпревар против Нова Каледонија на 11 јануари идната година на Академијата на ФА Фиџи.