Мислам дека се сеќавате на извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вечерва гостува во дебатниот магазин Клик плус на ТВ 21, околу доаѓањето на американскиот тим за борба против корупцијата.

Според Османи, САД ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот.

– Мислам дека се сеќавате на извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден кога кажа САД ќе ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот, вклучувајќи ги и Рамковниот договор, Преспанскиот договор и општиот развој или прогрес на регионот или државите. И тие тоа го прават, го прават во БиХ, во Република Српска со Додиќ, еве последно имаше ставање на црна листа на обвинител во БиХ поради влијание да не се решаваат одредени важни прашања, вели Османи.

Според него, тоа е комплементарна активност на активностите кои секоја од државите ги презема.